Во педесетите години од минатиот век Кавадарци доживува вистинска експанзија во изградбата на индивидуални и општествени станови, изградба на улици, канализација, тротоари итн. На фотографијата од 1955 година се гледа изградба на улицата "ЈНА", денес "Тиквешко востание", како и куќите на Пендеви, Угурови, Чулеви и други, а од механизација се користат арабаџиски коли, рачни колички, лопати и копачи.

Петре Камчевски

Панорама на Кавадарци од 1924 година, во преден план се куќите во Рекинското маало, а прва од десната страна е новоизградената куќа на пратеникот Глигор Анастасов, а под неа куќата на семејството Пончеви. Кавадарци во овој период има околу 5.500 жители.

Петре Камчевски

 Денеска Кавадарци -  има 37189 жители.

Територија на Општина Кавадарци изнесува 391 км.

На оваа подрачје се откриени и белези од населби во античкиот период и средниот век.

Денеска Кавадарци на посетителите им нуди необично и богато доживување. Наследството од минатото,од антиката до поново време.

Големината на овој народ не е во неговата бројност, туку во добрината и гостопримството.

 

 

По повод „7ми Септември” Денот на ослободувањето на град Кавадарци, Општина Кавадарци-Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на наградата „7 Септември”.

1.-Денеска се расчистува просторот на локација Булевар Вељко Влаховиќ, на иницијатива на општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев, во заедничка акција заедно со механизацијата од ЈП Комуналец и фирмата ЈА-МИ. Станува збор за дива депонија настаната по отстранувањето на лимените гаражи од граѓаните. После завршување на оваа акција планирано е да се прави уште една коловозна лента и простор за паркирање на околните згради.

2.-Службите на ЈП Комуналец и Општина Кавадарци и натаму продолжуваат со чистење на диви депонии сега во с. Долна Бошава како и чистење на патот.

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проекти од безбедност во сообраќајот. Надлежните служби деновиве поставиа 70 безбедносни столбови на повеќе локации низ градските улици.

Кавадаречкиот маратонец  д-р Бошко Илиев, на средина на летото ја остварува агендата на пливачки маратони на Балканот и пошироко.Последниот месец (јули) учествуваше на неколку маратони, а најавува учество и на значални манифестации од маратонското пливање надвор од државата.

Денеска во Компанијата КОЖУВЧАНКА  беа доделени ваучерите  во кампањата НАШЕ ПИВО НАША СТРАСТ.Средствата се наменети за трите најголеми спортски клубови (ГФК Тиквеш 1930,ГРК Тиквеш и КК Еурионикел 2005 )  и Навивачката група Лозари Истрок 1991.Трите клуба од Кавадарци добија по 80.000- денари а навивачката група Лоазари-Исток 26.000 денари.

Спортските клубови задоволни од првите износи на средства од кампањата на КОЖУВЧАНКА Кавадарци.

Потребна поголема акција на каваречките фирми за помош на спортот во градот.

По еднонеделни подготовки денеска  градоначалникот Митко Јанчев ги прими  кошаркарките од репрезентацијата на Македонија до 14 години .Во салата Јасмин тие се подготвуваа за настапот на неофицијалнито Европско првемнство кое ке се одржи во Словенија.

Во знак на благодарност тренерот на репрезентацијата  Никола Златев на Јанчев му подари дрес со број 1,баскет и благодарница за неговиот придонес за развојот на кошарката кај нас.Јанчев пак се интересраше за текот на тренинзите и подговеноста на екипата за настапи и изрази спремност  и  во иднина да ја помага кошарката.

Деновиве Еко Живот-Еко Центар во салата на ДТВ „Партизан„ организира изложба на тема „Рециклирање“ .На изложбатана со свои ликовми изарботки се преставуваат ученици од основните и средните училиштата од Кавадарци. Благодарност до нашите мали уметници, кои создадоа прекрасни творби.

Кавадарци доби  нив простор за паркирање. Oперативата на фирмата „Коле Транс“ од Штип изврши асфалтирање со нов асфалт на паркингот на улицата „Тиквешко востание“ кај поранешната стоковна куќа.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА