Известување

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека на 24.07.2019 година ( среда ) и 25.07.2019 година ( четврток ) со почеток од 7 часот ќе се започнат градежни активности на паркингот на ул.Фердо Росомански, делот над катната гаража.
Се со цел непречено и ефикасно извршување на градежните работи потребно е да се отстранат сите возила од оваа локација.

Со почит,
Кабинет на Градоначалник
м-р Митко Јанчев

По повод  2 Август-Светлиот празник на Македонскиот народ и  држава , на 1 и 2 август во едно од најубавите подкожувски села Горна Бошава ке се одржат Илинденските денови.Општонародна веселба,фудбал, промоција на новата книга „Горна Бошава низ времето“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Коп Инжинеринг“ го реализира комуналниот проект за изградба на атмосферска канализација во село Дреново.

Со пари од општинскиот буџет, сметка за комунална изградбa се реализира проектот за поставување нова линија во должина од 130 метри, на потегот од центарот на селото, до кружниот тек на влезот во Дреново.

На оваа локација се поставуваат нови цевки со профил фи 400, вкопани во земја, како и две решетки за зафаќање на атмосферските води.Општината на оваа локација ќе изврши проширување на улицата, како и поставување на нов асфалт.

1.-По веќе отпочнати градежни работи на ул."Тиквешко востание", се работи интензивно на проширување на улицата, а воедно се завршува и поплочување на тротоарот

67109860_2463130957244284_3142636662928965632_n.jpg

2.- Од страна на Општина Кавадарци е побарано повторно интервенирање од страна на фирмата која пред неколку дена заврши со асфалтирање на ул.Браќа Хаџи-Тефови и ул.Рајна Соколова Фирмата ќе ја повтори целата постапка без финансиски надомест од општината.

 

67344848_2463129017244478_8529801931709743104_n.jpg

3.- Во тек е изградба на нов кружен тек кај Винарска визба Тиквеш , интензивно се работи и на проширување на патот , изведувач е Градба Промет . Исто така по завршувањето на кружниот тек ќе се постави и хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација .

Денеска механизацијата на повеќе градежни оперативи продолжуваат со „градежната револуција“ во Кавадарци, кое го менува својот урбан лик- во современа градска средина со пофукционална инфрсатруктура, достапна и во корист   на граѓаните .Градоначалникот Митко Јанчев со неговиот тим засега се на линија на ветеното, и повеќе од тоа,ја водат една од најголемите градежни офанзиви  во комуналната свера-непозната барем последниве 50-на години.

 

67791867_2463130873910959_2875704548561780736_n.jpg

 

 

 

Поголема безбедност, како и непречено движење по градските улици се приоритетите на општината во решавањето на проблемите во сообраќајот.
Тековната реализација на проектот за реновирање на главните сообраќајници во Кавадарци, Општината го користи и за да реши неколку тесни и опасни точки. Со актуелното санирање на улицата „7 Септември“ на потегот од мостот кај Јаворот па до салата „Партизан“, општината реализира изградба на два кружни тека.
Новото сообраќајно решение на овие локации, ќе овозможи побрз, побезбеден и поефикасен проток на возилата, како и многу побезбедно движење на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.
Општината планира и неколку други слични кружни текови на тесните грла на другите раскрсници низ градските улици.

Дека во Кавадарци во градското подрачје има  смет и ѓубре со отпадоци, покажа денешната акција на ОО на СДСМ. За да имаме чист град и убаво Кавадарци треба секој од нас да даде придонес.Едноставно не треба да фрла отпадоци таму каде НЕ треба.А сигурно она што денеска го чистеа активистите на СДСМ од Кавадарци не се створило само од себе, туку е направено од наши сограѓани, веројатно од оние кои живеат во близина на игралиштето на „Црноречка„.

 Затоа и денеска  Општинската Организација на СДСМ Кавадарци  ја спроведе еколошката акција во месната заедница “Задругар”. Со акцијата беше опфатено игралиштето каде нашите најмали го поминуваат слободното време на улица „Црноречка“. ОО СДСМ Кавадарци продолжува да се грижи за здрава и чиста животна средина во Кавадарци и околината.

 Се известуваат граѓаните  на Општина Кавадарци дека рокот за отстранување на лимените гаражи во новиот центар е изминат. Денес службите започнуваат со присилно отварање на гаражите а истите и ќе бидат отстранети доколку сопствениците на постапат по дадените насоки.
Трошоците околу отстранувањето ќе си ги сносат сопствениците.
Воедно службите на Општина Кавадарци не одговараат доколку настане некоја штета при интервенирањето.

На прес конеренција денеска ОО на СДСМ –Кавадарци  ја најави утрешната еколошка акција во Кавадарци.На пресот се обрати Сашко Петров-портпарол на ОО на СДСМ

„На 21.07.2019 околу 22.00 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, кај градските гробишта, К.Г.(55) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Г. и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. “- се наведува во Билтенит на МВР.

Во рамките на сеопштите напори за заштита од пожари и вклученоста на сите  фактори ,Дирекцијата  за заштита и спасување не информира  за одвивањето на Кампањата  за заштита на шумите од пожари.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА