Во Библиотеката Феткин од денеска се одржуваат   “Библио  бум  -друштвени игри , кои како услуги ги нуди  на сите заинетреирани од 7 до 70 години.Проектот е спонзириран од Американската амбасада. Со „Борд игрите“, младите се одделуваат од интернетот,  многу се  занимливи  и како друштвени игри се интересни за сите возрасни. Помагаат за реазвивање на социјалните вештини, влијаат на натпреварувачкиот дух, и нудат ново искуство.

Денесka пред Спомен плочата во центарот на градот беа одбележани 125 години од формирањето на првиот комитет на ВМОРО во Кавадарци после Солун, сите останати комитети во Македонија се формирани подоцна.Претставници на  Боречката организација, Локалната самоуправа , пратеничката Весна Пемова и  ОК на ВМРО-ДПМНЕ -Кавадарци.За приликите кога е формиран првиот одбор по Солунскиот во Кавадарци говореше  Марија Михова - кустос историчар во Музеј Галеријата.

Оваа фотографија  ја прикажува чаршијата во Кавадарци на која се гледаат две арабаџиски воловски коли од кои се истовара стока, по се изгледа на пазарот кој се наоѓал веднаш до Али Газелник беговата џамија. Фотографијата е снимена од француските војници во октомври 1918 година.

П.Камчевски-текст и фото

1.-Хортикултурно уредување на ул.Игман.

 

66397214_2457919221098791_5371508966230589440_n.jpg

 

 

2.-На Северен Булевар се пробива споредна сервисна улица која ќе се користи како влез на депото и Јавното Претпријатие за Паркинзи.

 

 

3.-По иницијатива на жителите од с.Крњево, денес и утре се спроведува акција за инфраструктурно уредување. Се чисти депонијата која е проширена кон игралиштето ,се чисти постоечката и се копа нова јама. Во тек се и низа други активности се со цел подобро функционирање на жителите во с.Крњево.

 

 

66799094_2458026831088030_7041938729669230592_n.jpg

4.-Започнати се градежни работи за припрема за асфалтирање на дел од ул.“7ми Септември“ од спојот со ул.“Цано Поп Ристов“ до ул.“Шишка“.Денеска продолжи интензивно работењето на ул."7ми Септември".

66510725_2458024074421639_4073048436054687744_n.jpg

5.-Заврши работата на Западен булевар со изградбата на жардинерија и хортикултурно уредување и поставување на систем за наводнување.

 

 

6.-Во градското подрачје е извршено прскање против комарци и други инсекти. Предвидено е уште едно прскање за 20 дена.42480556_2266394966917885_524185262234796032_n.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Kako  што најави претседателот на клубот Миле Масларков неодамна, фудбалерите и стручниот тим  на 19 јули- заминуваат  на подготовки во Maврово

Вечерва повторно аниматори за најмалите и настап на BONGAS AND GUITARES CREW со почеток од 20 часот. Се гледаме на Градскиот плоштад.

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски Г.Агатангел и свештенството на Кавадаречкото Намесништво организира   крштевање на лица постари од 14 години, кои досега поради било кои причини не се крстени според нашата православна вера.

Обичајот тоа да се прави во водите на Тиквешкоро езеро датира од поново време , прифатен е од нашата црква на предлог на верниците  и кај нив  овозможува на несекојдневнит и древен чин- крштевњето да се доживее на посебнен начин.

Жителите во целата Тиквешија ја искористија традицијата за бесплатно групно крштение кое годинава се организира години наназад .Годинава крштевањето се одржа на 13 јули-2019 година во сабота на Тиквешкото езеро .Крштевањето беше групно . 11-сетмина годинава беа крстени во водите на езерото

Крштевањето беше под потронат на Црквата Света Преподобна Петка Параскева...

KRSTEVKA.jpg

 

 

KRSTEVKA_1.jpg

Денеска  во Музеј галеријата гостуваше изложбата на тема „Скршениот град„ на Музеј на Град Скопје, посветена на 26 јули -на земјотресот во главниот град.На изложбата говореа Весна Ѓорѓиева и Јасмина Намичева-кустос-советник архитект во Музеј  на град Скопје.

Предизвикан е одрон на патот и насипи од земја од несовесен одгледувач на лозов насад и прекумерно наводнување  на истиот , на патот помеѓу с.Дреново и с.Сирково. Поради неможноста на Македонија пат да интервенира со механизација за справување со одронот, а по налог на Градоначалникот Митко Јанчев се активирани механизацијата на ЈП Комуналец и ТППЕ на Кавадарци согласно нивното функционирање во интерес на општеството, како и механизација од фирмата ЈА-МИ како донација кон Општина Кавадарци. Патот беше обезбеден и сообраќајот регулиран од ПС ОН Кавадарци. Акцијата беше успешно спроведена и за помалку од два часа патот беше прооден и уредно среден.

Фолкорниот ансамбл „Тиквеш“-Кавадарци кој работи во состав на Домот  на културата „Иван Мазов Климе„, по еден и пол месеци подготовка денеска на прес конференција на јавноста и соопштија неколку новини за :подмаледениот ансамбл,новата кореографија на  орото „Пијанец„,.Бевме известени за :   нови концерти, гостувања ,нови носии,мини фестивал за време на Тиквешки гроздобер , гостување во Бугарија и друго.На пресот се обратија : Александар Малинков -директор на Домот и Тодор Глигоров -кореограф и раководител на Ансаблот „Тиквеш„

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА