ТАЛИА ВАСИЛОВА СОЛИСТ ОД КАВАДАРЦИ ВО ПРИДРУЖБА НА СВОЈОТ БРАТ НИКОЛА ВАСИЛОВ НА КЛАРИНЕТ ОД БУГАРИЈА СЕ ВРАЌА СО ОСВОЕНИ 3 ПРВИ МЕСТА,3 - ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ВО 3 КАТЕГОРИИ (ЕСТРАДА,НАРОДНО ПЕЕЊЕ И МИС ПРИНЦЕЗА).

Градоначалникот  на Општината Митко Јанчев, директорот на ЈП „Комуналец„ Ѓоко Поп Ицов, и преставникот на КФВ Банката   од СР Германија -проектен менаџер: Штефан Рабе  , денеска на лице место во увид како се одвиваат  градежните  работи на  2 фаза од користење на парите за реконструкција на водоводна и канализационата мрежа.Инвестицијата е тешка 850 илјади евра.

Нoвата учебна година во Општина Кавадарци ја започнуваат 328 првачиња.Градоначалникот  Митко Јанчев на сите ученици и наставници им посака успешна учебна година  .


 

„Почитувани,

   Во Општина Кавадарци денес почнуваат со настава 328 првачиња во 23 паралелки, вклучувајќи ги и подрачните училишта. Ние како општина непрекинато работиме на подобрување на условите во сите училишта но нашата општина. Во изминатите години се вложуваше многу во подобрување на училишните згради, вториот дом на нашите ученици. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме да ги следиме трендовите во образованието и за децата ќе обезбедуваме место кое ќе биде инспирација за нови знаења.

Новиот почеток секогаш претставува предизвик преку кој неуморно сакаме да учими за нешто ново, нешто непознато.

     Денес започнува уште една учебна година. Верувам , дека денес сите ученици се возбудени и нестрпливо го очекуваат запознавањето со новата учебна година. Ова е почеток на ново скалило во животот на нашите најмили.

   Најголем предизвик пред себе имаат првачиња со почетокот на нивниот нов начин на живеење. Пред вас, драги првачиња е еден непресушен извор на знаење од кој треба непрекинато да учите и да се надградувате. Во оваа учебна година ќе се запознаете со многу нови работи, ќе ги запознаете буквите и бројките. Пред вас е година во која ќе ги научите основите за градење на големи успеси.

   Сакам да им посакам среќа и на оние кои се столбот на писменоста на нашите деца. Драги просветни работници, ви посакувам уште една година која ќе биде богата со успех кој вие го пренесувате на нашите деца. Посакувам да имате успешна година која на крајот ќе покаже резултат со многу одлични и примерни ученици. Вие сте вторите родители на нашите деца, верувам дека за вашета посветеност тие ќе ви возвратат со големи успеси и многу знаење.

Среќно ученици, Среќно првачиња.

Ви благодарам,„-

се вели  во обраќањето на Градоначалникот Митко Јанчев по повод почетокот на учебната 2019/ 2020 година.

Во Кавадарци , за прв пат, синоќа беше отворен нов Центар за  ослободување на болка и намалување на стресот.За 30 минути на ден се подобрува балансот на организмот.Се применува:масажа,акопресура,третирање со топлина,киропрактика,долги инфрацрвени зраци,третирање со ниска фрекфенција.Голема подршка од граѓаните на Кавадарци.

На отварањето говореа  : генералниот менаџер за Европа: г-дин Јанг,менаџерот за Македонија Ивица Нацев,и Мартин Анѓелов- менаџер за  Кавадарци и Тиквешијата .Весна Богева го прими сертификатот ( лиенца ) за стручна работа во Центарот во Кавадарци.

На 01.09.2019 во 18.30 часот на ул.„9 Бригада“ во Кавадарци, патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19)од Кавадарци, удрило во девојче од Кавадарци, кое се здобило со повреди и било пренесено во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

„На 01.09.2019 во 18.40 часот на крстосницата од улиците „Страшо Пинџур“ и „Ило Костов“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода во која учествувале мотоцикл „Џонвеј“, управуван од М.Г.(40) од Кавадарци, непознато возило, кое го напуштило местото, во која бил удрен пешакот Б.Ј.(89) од Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за расчистување на случајот.

-На 01.09.2019 во 18.30 часот на ул.„9 Бригада“ во Кавадарци, патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19)од Кавадарци, удрило во девојче од Кавадарци, кое се здобило со повреди и било пренесено во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

-На 01.09.2019 во 14.00 часот во Полициската станица Кавадарци, Е.С.(28) од Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 13.00 часот, С.Ф. од Кавадарци се обидел да изврши обљуба врз неа, но не успеал. С.Ф. бил приведен во Полициската станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.„-

-се наведува билтенот на ПС од ОН Кавадарци

ОО на СДСМ Кавадарци денеска реагираше на вчерашната реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.Писмено , со соопштение се обрати до нашата информативна куќа.

Бостанот и тиквите  ги произведува Марјан од Росоман а доматите  земјоделец од село Дабниште.

Од денеска до недела во Спортската сала на  ООУ„Гоце Делчев„ во Кавадарци ќе се одржува Државното првенство за слепи  и слабовидни лица .Од 13  за овој натпревар се пласираа 8 најдобри екипи.

Желбата за спортување кај слепите е голема .

Параолимпискиот комитет ги поддржува ваквите натпревари

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА