Мали измени во музичкиот дел на програмата за настапи на Градскиот плоштад по 20.30 часот

На 3 август во Кавадарци се одржа  Турнирот „Вуко Каров  и Тиквешки легенди 2019“, за прв пат  во лето.По италијански систем  секој со секого, најдобра беше екипата на Беласица, која во првата средба го победи Работнички 2:0.ГФК Тиквеш  беше поразен од Работнички со 2: 1, и Беласица го совлада ГФК Тиквеш со 1: 0.

Победник на годинашниот турнир е :

1.Беласица

2.Работнички

3.Тиквеш

 

Најдобар голман: Александар Игески (Тиквеш).

Најдобар играч: Мартин Мирчевски (Беласица).

Одлична организација на ГФК Тиквеш 1930 и Управата на клубот на турнирот, пред околу 150 гледачи,почетниот удар го изведе  Тоше Каров; минута молчење во чест на  Вуко Каров и Тиквешките фудбалски легенди.На средбата забележавме на трибините и поранешни играчи на Тиквеш.

На средбата по 20 години  од активното судење на фудбалските натпревари  се прости Зоран Темелковски.

За наредниот в година се најавува нов стадион и игра под рефлектори.

По објавениот Јавен повик од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за поднесување на барања за субвенции преку Програмата за капитални субвенции, а наменети за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште, општина Кавадарци во соработка со Вардарски плански регион го реализира проектот за реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Кавадарци, месност Кошани - Бегниште со вкупна должина од 2200 метри. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри пристапот до обработливи површини во подрачја со интензивна земјоделска дејност.

„Почитувани, Општина Кавадарци- Локална Самоуправа на ден 05.08.2019 (Понеделник) со почеток од 07:00 часот на паркинг просторот на Бул. "Кочо Рацин" ( ново асфалтираниот паркинг кај трафостаницата ) ќе се отпочне со обележување на паркинг местата на определени јавни површини.

Со почит,
Кабинет на Градоначалник“.

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “ Креирање можности за работа за сите IV-” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци до /9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување -Кавадарци

Во пресрет на новата учебна година Општина Кавадарци и надлежните во образовните институции реализираат проекти за реновирање на внатрешноста на училиштата.

Новина е сообраќајното решение со кое ќе се создаде кружен проток на возилата од улицата „Благој Крстиќ“ до паркингот, кој сега преку ул.„Тошо Велков-Пепето“ ќе се спои со улицата „7 Септември“ кај пензионерскиот дом.

„Известување

Во вторник - на 06.08.2019 во 11 часот во просториите на Општина Кавадарци Сала за Совет ќе се изврши презентација на проектот за изградба на градинката во нашата општина на ул. Ресавска.

Целта на јавната расправа е информирање на граѓаните и засегнатите страни за активностите за изградба на нова градинка и за документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка”. За таа цел на јавната расправа се покануваат граѓани, родители, персонал од градинките, лица од општината, социјални работници, невладини организации, граѓански здруженија и други засегнати страни.„- Се вели во известувањето од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

На својот ФБ профил, Здружението „Напредни лозари“ кое во улога на заштитник и застапник на остварувањето на правата на лозарите, се јави со подолг текст во кој се осврнува на очекувањата од годинашниот откуп  на грозје.

 

Утре со почеток во 10:00 часот започнува турнирот во мал фудбал.Месната заедница му посакува спортска среќа на сите екипи кои учествуваат. За пехарот  годнава ке се борат 4 екипи.Лани , да потсетиме, победи екипата ан Клими.мк

Организарторот годинава ке одржи промоција на книгата ,,Горна Бошава низ времето" од авторите Дарко Најдов и Јован Петков. Книгата е пишувана со цел да се познава традицијата н селото корените на сите поранени и сегашнижители.Промоцијат ке се одржи во 12 часот.

Во 13 е предвидена посета на црквата „Свети Илија„ а од 17 до 24 часот сред село ке настапи групата „Тиквешки Мелос„ која ке приреди општонародна веселба.

Инаку бошавци као добри домаќини и годинава ке ги угостат сите посетители , кој случајно или намерно ке се најдат во село Горна Бошава на 2 август.Илинден е селска слава  во Горна Бошава 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА