Семејстото Хаџиманови на собир, Васил Хаџиманов со брат му Милан со гитарата, неговата стрина која преде и останати роднини од семејството.

 

Се изведуваат градежните работи за изградба на нови потпорни ѕидови на неколку улици во Кавадарци.

Денес во посета на Општина Кавадарци беа Филип Рикер, вршител на должноста помошник Државен секретар на САД за Европа и Евроазија и Амбасадорката Кејт Мари Брнз.

Причина за посетата на Општина Кавадарци беше средбата со градоначалникот м-р Митко Јанчев. Работната средба се случи во кабинетот на градоначалникот а изјави за медиумите не беа предвидени.

Честа да се биде домаќин на високи политички претставници како што е г-дин Рикер е огромна и од големо значење за Општина Кавадарци.

Ова е и прва средба на градоначалникот со новата амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Известување!

Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека денеска , 25.07.2019, од 7 часот ќе се врши обележување на паркинг места на ул.Народни херои ,паркингот кај ваташката градинка, паркингот на ул.Страшо Пинџур и паркингот на ул.7ми Април кај социјалните згради. Се молат граѓаните да ги отстранат своите возила се со цел побрзо и ефикасно работење.

Со почит,
Кабинет на Градоначалник

Во кабинетот на Градоначалникот м-р Митко Јанчев, денеска беше потпишан договорот со изведувачот за реконструкција на објектот „Винска куќа“ во градскиот парк.

УСПЕШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО ГРАЃАНСТВОТО ОД КАВАДАРЦИ И РОСОМАН во која беа собрани 20 крвни единици.

Локален Музеј – галерија Кавадарци во соработка со Градоначалникот и Локална самоуправа и Дневниот центар за деца со посебни потреби - Кавадарци, денесka продолжи со реализација на едукативниот проект “Работилница за едукација, популаризација и презентација на археолошкото културно наследство“. Преку игра, смеа, цртање, боење и едукација, децате се запознаа со археолошките предмети од различен временски период при што пројавија голем интерес и креативност.

Учесници во проектот од Дневниот центар: дефектолог Ана Камчева, педагог Весна Дуброва, психолог Магда Пашоска а од Локален Музеј - галерија Весна Ѓорѓиева – директор и раководител на проектот и Трајче Цветков, Билјана Галабова кустоси – членови во стручниот тим.

Рано зрело грозје има  и од средината на јули, но од  денеска  е застапено со поголема понуда .

Цени : 100, 60 и 40 денари.

Сорта„Белградска рана„

Забележано на Градски пазар Кавадарци на 24 јули 2019 година

Се реализира проектот за асфалтирање на дел од улицата „Бел Камен“.

Известување

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека на 24.07.2019 година ( среда ) и 25.07.2019 година ( четврток ) со почеток од 7 часот ќе се започнат градежни активности на паркингот на ул.Фердо Росомански, делот над катната гаража.
Се со цел непречено и ефикасно извршување на градежните работи потребно е да се отстранат сите возила од оваа локација.

Со почит,
Кабинет на Градоначалник
м-р Митко Јанчев

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА