Денеска во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ се одржа промоција на Романот на годината за 2018 “Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова.

Се работи најпрестижната награда за роман во државата koj e во организација на “Фондацијата “Славко Јаневски“.
Делото го промовираше Фросина Пармаковска, минатогодишна лауреатка на ова наградата, а извадок од романот „Некој бил тука“ читаше Мери Каровска, членка на Фодацијата.

Инаку за своето дело говореше авторката Николина Андова Шопова, која низ прашања на присутните им го доближи романот и некои детали од него.

За целите на фодацијата, по згаснувањето на “ Утрински весник„ ,говореше Звездан Гоергиевски- новинар и член на Фондацијата
Во рамките на настанот беше претставено реизданието на првиот македонски роман „Село зад седумте јасени / Стебла“ од Славко Јаневски и првиот број на списанието „Архив Јаневски“.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА