Денска попладне во Кавадарци се одржа презентација на вооружување, опрема и возила

Двете армии ,Македонската  и Армијата на САД, учествуваа на вежбата „Одлучен удар“. Презентарција истовремено имаше и кавадаречката ТППЕ со своите возила и опрема.Инаку на Градскиот плоштад , каде се одржа презентацијата посетителите, а ги имаше во голем број. имаа можност да се сретнат со аниматори, жонглери, се играше уличен баскет, и друго.

-Задоволство од тоа како беа пречекани, со насмевки од сите страни, изрази и Давид Полингер, од Хановер.За него  ова е негова прва посета и излегувањето од неговата база од Америка и за да ја посети нашата држава. Рече дека е презадоволен одприемот и посетата на грашаните на вооружувањето и средбните со граѓаните на Градскиот плоштад и покрај тоа што деновиве е малку повеќе жешко.

Меѓу граѓаните беше и градоначалникот Митко Јанчев со најблиските соработници.Тој ја разгледа ова презентација со преставниците на НАТО и нашата армија а на средбата со новинарите изјави:

-На задоволство на општина Кавадарци и на граѓаните заедно, со НАТО и со американската војска, нормално со армијата на нашата држава, се договоривме денеска да направат презентација на опрема, која е стационирана во базата Криволак. Ова е добар начин и цивилното население да се запознае со самата воена опрема и да се биде блиску до народот. Сите впечатоци кои нашите посетители ги оставаат ,се одлични, затоа што се наидува на насмеани и топли ликови и ликови кои си ја сакаат својата држава и армијата како важен дел од државата, рече градоначалникот Митко Јанчев.

Инаку самата вежба „Одлучен удар“ е досега најголема вежба која ја организира нашата армија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Нашата армија и војската на САД учествуваат со по 1.300 војници, додека Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници.

 

20190615_181621.jpg