Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци беше организиран мултимдијален културен настан во чест на прерано починатиот ликовен уметник Димитар Младенвски (1970- 2007) од Скопје.

Тој е еден од македонските ликовни уметници од помладата генерација кој остави траен белег на модерната македонска ликовна сцена и покрај неговото прерано заминување. Тој е добро познат на кавадаречките љубители на ликовната уметност, со неговото учество во кавадаречките ликовни колонии и соработката со кавадаречките ликовна уметници. Неговата прва самостојна изложба беше отворена во Музеј–галерија Кавадарци по што имаше уште десетина самостојни изложби.

– Најголем дел од делата на оваа изложба за првпат се изложени пред јавноста а се дел од богатата семејна колекција на семејството Младеновски. Овој мултимедијален настан во чест на Димитар Младеновски го осмисливме со цел да слушнете дел од неговата поезија бидејќи верувам дека малкумина од вас знаат дека пишуваше и поезија, а ќе биде пропратен со настап на „Брекдаун Бенд“ – најави неговиот брат Петар Младеновски.

Инаку синоќа на присутните им се обрати Марјан Тoдоровски од Домот на културата кој  не потсети на автобиографијата, и значењето на Младеновски не само како сликар туку и како поет и љубител на музиката.Стихови од творештвото на Димитар  интерпретираше Елизабета Младеновска.

Инаку популарниот Пеце од Суперхикс, не почести за  неколку рок изведби и целата уметничка вечер за збогати со  тон кој беше убаво примен кај сите присутни.