Нов комунално сообраќаен проект реализира општината Кавадарци на локацијата Парк „Полана“.

Според проектот овде се прави простор за паркирање на лесни возила на улиците: „11-ти Октомври“, „Лазо Мицев“ и „Партизанска“. Новиот паркинг простор ќе биде на ниво на улиците, а возилата ќе се паркираат косо.
Со овој зафат општината ќе реши еден проблем кој беше тесно сообраќајно „грло“ во најстариот центар на градот кај Марковата кула.
Со реализација на проектот повеќе нема да има непрописно паркирани возила кои создаваат проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот, посебно во пазарните денови среда, петок и недела.
Општината со овој проект ќе заокружи уште еден комунален зафат, во кој покрај новиот простор за паркирање, минатата година се реновираа тротоарите на наведените улици со павер елементи, а беа поставени метални пречки за спречување на паркрање на тротоарите.
Во овој дел на градот општината ќе создаде услови за правилно паркирање и непречено движење на пешаците и возилата.

 

64791654_2440327182857995_8075951328792150016_n.jpg

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА