ПРЕВЕНТИВНАТА АКЦИЈА ЗА УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА КАЦИГА, ИМА ЗА ЦЕЛ ПОТТИНУВАЊЕ НА СИТЕ ВЗАЧИ НА МОПЕДИ ДА НОСАТ ЗАШТИТКА КАЦИГА

Локалниот советот за превентива, тело кое го раководи градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев без претходна најава, вечерва спроведе ноќна превентивна акција наменета за возачите на мопеди.Конкретно беше практична проверена состојбата со употребата на заштитна кацига кај нас.
Ова тело во кое членуваат компетентни и стручни лица на Кавадарци , има за цел да превенира појави кои имаат помасивна опфатеност од безбедносни идруги ризици, а со цел наемсто со репресија , преку пренецијата се намалат девијатните појави.
Неупотребата на заштитна а кацига кај нас ( во над 90 насто од случаите ) беше причина повеќе да се направи практична акција која со помош на припадници на ПС од ОН Кавадарци беше спроведена на повеќе локации во градот.Притоа активистите на Советот на превенција;градоначалникот Митко Јанчев претседателот на Советот Ристо Сакалиев, судијата Лазар Нанев,командирот на ПС од ОН Кавадарци Сашко Димовски и други лица стручни во областите во кои професионално работат, лично делеа флаери со превентивни пораки.Притоа во разговор со управувачите на мопеди кои не носеа, им беше предочена потребата за нивна безбедност , со носењето на заштитната кацигата.
Статистички , превентивните акции даваат над 50 насто подобри резултати од репресивните мерки.Затоа градоначалникот Јанчев , уште на стартот на неговиот мандат се заложи превентивата да ја применува кај разни девијатни појави присутни кај дел од нашите граѓани.

 

66872074_614905825673841_311425879609704448_n.jpg66682942_496281351163683_8583443762544377856_n.jpg64614156_2338853646364035_3390590107089108992_n.jpg66461074_912570769075332_3475579937849606144_n.jpg

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА