Денесka пред Спомен плочата во центарот на градот беа одбележани 125 години од формирањето на првиот комитет на ВМОРО во Кавадарци после Солун, сите останати комитети во Македонија се формирани подоцна.Претставници на  Боречката организација, Локалната самоуправа , пратеничката Весна Пемова и  ОК на ВМРО-ДПМНЕ -Кавадарци.За приликите кога е формиран првиот одбор по Солунскиот во Кавадарци говореше  Марија Михова - кустос историчар во Музеј Галеријата.

На денешен ден 15 јули 1894 година Секретарот на ВМОРО Дамјан Груев дошол во Кавадарци и веднаш ги побарал Иванче Минчев и Јанаќи Ќурчиев негови соученици од Солунската гимназија. Од нив побарал да му обезбедат луѓе со кои може да говори за училишните и црковните проблеми во Тиквешката каза. Од тука заминале во куќата на Пане Иванов главен учител во кавадаречкото основно училиште и Јованче Велков претседател на црковно училишната општина.Набргу Даме се уверил дека има работа со сериозни и предани луѓе пред кои не треба да има никакви тајни. Тогаш станал и им рекол:„Другари да не седиме повеќе со скрстени раце...Ние во Солун формиравме организација чија што цел е извојување политичка слобода по пат на револуционерна борба„.Тогаш ги запрашал дали и тие би сакале да станат членови на таква организација. Откако добил потврден одговор Даме го извадил преписот од статутот на организацијата и пред евангелието, револвер и кама, положиле заклетва на верност спрема организацијата. Во првиот состав на организацијата влегле: Пане Иванов, кој бил избран за претседател а за членови биле избрани Иванче Минчев-чиновник и учител, Јованче Велков-трговец и Јанаќи Илиев Ќурчиев-трговец и кожувар. Следниот ден заминале во ваташкото училиште во придружба со членовите на првиот комитет од Кавадарци, овде во просториите на училиштето се формирал комитетот на ВМОРО во кои влегле: Тодор Поп Андов, Лазо Сојтериев, Коцо Јорданов, Зарко Димов, Трајче Дубров и Пано Поцев. Со ова Кавадарци ја има таа чест да биде прв град во Македонија во кој е формиран првиот комитет на ВМОРО после Солун.

MARIJA.jpg

 

66849353_654983811636257_4603355156262682624_n.jpg

67411692_395727037730482_3068737563008172032_n.jpg

 

 

 

67267536_2183752275081000_8970615556537319424_n.jpg

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА