УСПЕШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО ГРАЃАНСТВОТО ОД КАВАДАРЦИ И РОСОМАН во која беа собрани 20 крвни единици.

Вчера  /23 јули/  во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и ИТМ Скопје во просториите на Општинската организација Кавадарци се спроведе доброволна крводарителска акција.
На акцијата доброволно даруваа 20 крводарители, собрани се 20 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на граѓаните кои дарувајќи на оваа вонредна крводарителска акција потпомогнаа во задоволување на потребите од крв и крвни продукти за болните и повредените, особено во овој момент на летни годишни одмори кога и потребите за крв и крвни продукти се зголемени.
Голема благодарност на граѓаните кои несебично ја прифаќаат оваа акција и на локалните медиуми кои даваат максимална подршка за реализација на истата, притоа обезбедувајќи информации и мотивирајќи ги и останатите граѓани од нашите општини да се придружат на хуманите луѓе.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА