Кавадарци доби  нив простор за паркирање. Oперативата на фирмата „Коле Транс“ од Штип изврши асфалтирање со нов асфалт на паркингот на улицата „Тиквешко востание“ кај поранешната стоковна куќа.

На површина од 800 квадратни метри се постави нов асфалт на платото над подземната гаража. Реализацијата на овој проект е фирмата „Коле транс“.Со овој зафат Општина Кавадарци и обезбедува подобри услови за паркирање во строгиот центар, веднаш до зградата на општината.

Новиот принцип на работа на општината за систематско и навремено завршување на работите успешно доведе до реализација на овој  комунален проект.Неполни 24 часа по поставувањето на новиот асфалт на обновениот паркинг на улицата „Тиквешко востание“, специјализираната екипа на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.

На површина од 800 метри квадратни се обележаа вкупна 24 паркинг места, од кои 4 се наменети за такси стојалиште,а две за инвалиди.Овој паркинг простор  ќе биде дел од ЈП „Паркинг“.

 

1123455555555555555555555555512.jpg

 

67408319_2467147666842613_5781658264026480640_n.jpg

 

67728301_2467147723509274_1826899665459609600_n.jpg

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА