ЛЕОНАРД КУЗЕВ   ОД КАВАДАРЦИ СО ПЛАНИНАРСКОТО ДРУШТВО I love Hiking Macedonia  во наредните денови од месец август  планира да се искачи на највисокиот врв во ЕВРОПА, МОН БЛАН.

Леонард Кузев е член на едно од најактивните планинарски друштва во земјава - I love Hiking Macedoniја кое што брои преку 300 членови.Друштвото има свој веб портал  www.hiking.mk .

Во програмата на акции што се планирани за 2019 година предвидени се експедиции на светски познатите и атрактивни планинарски врвови како Грос Глокнер, Монте Роса Елбрус, Монт Блан, Романиа - Карпати и други.Освојувањето на македонските врвови е речиси редовна активност на планинарите на ова друштво.

Како член на планинарското друштво I love Hhiking Macedonia Леонард од 1 до 10 август ќе учествува во 7-члената експедицијата која има намера да го освои највисокиот врв во Европа Монт Блан на Алпите со висина од 4.810 метри.Екпедицијата заминува утре 1 август. Таа ќе се искачува на Мон Блан со тргнување од ШАМОНИ со  2.300 метри преку кулоарот на смртта до домот ДЕГУТЕ.  На патот до Мон Бланн екипата ке престојува во планинарските домови Малезама на 3.000 и Ајас на 3.600 метри.Времето за аклиматизација е предвидено да се обави на врвот Брајт Хорн на 4.162 метри Највисокиот врв во Европа- Мон Бланд ке се искачува од франциската страна.

Леонард Кузев беше нормално возбуден и со задоволство ги сподели неговите емоции и желба да го освои највисокиот европски планински врв, како еден од ретките од Кавадарци.Едноставно тој го сака овој опасен спорт кој исполнува дел од неговиот адвокатски живот.Клара и Ева навиваат за него и му држат среќа . Експедицијата е комлетно подготвена со логистика и опрема. Останува да надеваат на добро време и среќа .

Инаку со колегите Кузев една година се подготвува за овој потфат.За да се реши да замине на највисоката планина во Европа тој ги освои:Олимп,Триглав,Црв Врв и други планинарски врвови .

Нофицијално од разговоотот со Никола Минчоров-еден од најискусните и највозрасни планинари од Кавадарци-член на ПД „Орле„, дознаваме дека Мон Блан од кавадарчанец,последнен пат е освоен во експедиција од планинари и Кавадрци и Неготино 1987 година.

Експедицијата на Монт Блан претставува една интересна и специфична можност не само за лична афирмација, туку и за достојно претставување на нашиот град Кавадарци во светски рамки. Оттаму заинтересираноста во екпедицијата на Мон Блан на Леонард да го помогнат Компаниите: Еуроникел Индустри, Бадев,Метал Апостолов,Слога, Инел Интернационал, US EKO- Системи, Лиса Ком ,ПЗУ Д-р Жарко Ѓорѓиев и Милком Компани.

 

 

230000000000000000000000.jpg

 

(ова опрема Леонард ќе ја носи со себе за освојување на Мон Блан)

67581780000000000000000000000.jpg

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА