Во пресрет на новата учебна година Општина Кавадарци и надлежните во образовните институции реализираат проекти за реновирање на внатрешноста на училиштата.

Деновиве позначаен и сеопфатен зафат со реновирање се изведува во основното училиште „Димката Ангелов-Габерот“ Кавадарци. Покрај целосно реклонструираниот покрив, во тек се градежни работи на изградба на трет сосема нов санитарен јазол, како и целосна реконструкција на постојните две санитарни простории.

Освен тоа се санира сериозните оштетувања на таванот на вториот кат од училиштето, а молерофарбарски работи се изведуваат во сите училници, кабинети, работни простории и ходниците.

Со реализацијата на овој проект од први семптември учениците новата учебна година ќе ја започнат во сосема нов амбиент и чист простор.

Инаку во склоп на програмата за комунална изградба веднаш по завршувањето на учебната година општината преку ангажираната фирма започна санација на покривот на зградата на Основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“ од Кавадарци. Се изврши замена на старата ќерамида, како и санирација на оштетувањата на дрвената граѓа на целата површина на покривот.

Со овој проект општината ќе изврши значајна интервенција за подобрување на условите во образовните институции.

Зградата на училиштето е најстариот образовен објект во Кавадарци изграден на почетокот од триесеттите години на минатиот век во која без прекин цели 87 години се образуваат генерации наши сограѓани.

 

67404866_2471305166426863_6404376776180498432_n.jpg

 

67688762_2471305149760198_7265834258118213632_n.jpg

 

67542224_2471276573096389_5637008863623380992_n.jpg

 

 

 

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА