Нашата млада,талентирана,амбициозна,харизматична и успешна кавадарчанка-ТАЛИА ВАСИЛОВА која неуморно,со голем труд,љубов и желба плови во водите на песната,музиката,танцот...  

Талиа,иако е само на 8 годишна возраст,досега има доста голема и богата,успешна биографија во соло пеењето,музиката и во танцот на домашно и меѓународно ниво,како солист,инструметалец,балерина поединечно и како дел од своето познато ДУО ТАНИНИ- КАВАДАРЦИ заедно со нејзиниот брат Никола кој свири на кларинет.                                          Талиа ве поканува на заедничко дружење со многу богата музичка програма во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на 11 август,каде што ќе се одржи 17.Меѓународен арт фестивал „Езерски бисери 2019“, на кој ќе учествуваат пејачи, инструменталисти, танчери и други уметници од целиот свет.

На манифестацијата ќе учествуваат млади таленти од државава, од Русија, Малта, Украина, Романија, Словенија, Молдавија, Србија, Црна Гора, Литванија, Унгарија.

Нашата Талиа ќе се натпреварува во соло пеење,каде што таа веќе ги има симпатиите кај публиката  а за  своите квалитети и достигнувања кај жирито кое е од меѓународен карактер,и важи како фаворит,која на овие млади години,со својата талентираност,музикалност,блескавост на сцената,топлина успева да допре до сите кои се дел од нејзините настапи и учества.

КОга деновиве разговарацме сп неа Талија ни рече

-„После натпреварот на меѓународниот фестивал Езерски Бисери во Струга ми претстојат уште многу настапи,снимања,натпревари,фестивали и како поединец и како дел од „Дуо Танини“-Кавадарци...Ова е дел од моите настапи кои со многу љубов,нетрпение ги очекувам и со голем труд,вежбање,сакам да го покажам моете знаење досега:Учество како Дуо Танини на Меѓународниот Фестивал Ѕвездички во Прилеп 2019,снимања и подготовки за добро познатата програма "ДАЈТЕ МУЗИКА" со нов карактер и многу познати музичари.Овдев се и подготовките за учество на Пинк Ѕвездички,голем хуманитарен концерт кој ќе се одржи годинава во Кавадарци,учество на меѓународни фестивали и натпревари како и снимање спотови,натпревари по танцување,пијано...Многу доживувања,искуства,знаења,дружење ми претстојат,но не го изоставувам и училиштето кое исто така е дел од моето секојдневие и сум спремна и возбудена да ја започнам новата учебна година, ни изјави успешната Талија.

Заедно да и дадеме подршка на Талиа да го покаже и даде своето знаење и талентираност на Езерски Бисери и градот Кавадарци а со тоа  Македонија да биде горда на нашите млади и успешни музики образувани таленти...СО СРЕЌА.

67828210_352958972294044_1982603160631377920_n.jpg

 

 

59839270_629131870896243_4487733773365936128_n.jpg

 

 

 

 

65805133_2265169533572108_1112553094106841088_n.jpg

 

 

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА