Известување од ЛК на СДММ-Кавадарци:

По повод Меѓународен ден на млади 12.08.2019 ЛК СДММ Кавадарци организира трибина каде ќе се презентираат мерките и програмите на Агенцијата за Вработување на Република Северна Македонија кои ги опфаќаат младите.

Бидејќи сметаме дека младите не се доволно заинтересирани и информирани за поволностите кои им се нудат за отпочнување на сопствен бизнис и вработување во постоечки, па поради тоа во соработка со АВРСМ организираме едукативен настан.

Презентери ќе бидат вработени од АВРСМ, а преку отворена дебата ќе може да се вклучат сите присутни.

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА