Од друштвото “Аноними“ во коешто имаше неколкумина добри музичари, беше формирано ВИС “Аноними“ кои свиреа забавна музика во исто време кога свиреа и ВИС “Младост“ од Кавадарци, само “Аноними“ за прв пат во градот свиреа на електрични гитрари. Редовно одржуваа матинеа во салата на ДТВ Партизан и секогаш истата беше преполна. Од музичарите во оваа група ќе ги спомнеме: Л. Давчев, Т. Габев, Љ. Малинков, П. Атанасов и Љ. Каров. Останатите од друштвото се: К. Белевски Буки, Д. Кузманов, В. Пачаџиев, К. Каров, Д. Попов, Љ. Костов, К. Танчев и И Јованов. Групата “Аноними“ започна да свири во 1965-1966 година.

Петре Камчевски

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА