За децата од  OЈУДГ„Рада Поцева„ денеска е прикажана преставата „Волшебникот од Оз“

 Театарот при Домот на Културата „Иван Мазов Климе„ од Кавадарци деновиве е во полна офанзива.Посебно внимание заслужува одделот на нашиот театар кој подготвува престави за деца кој денеска за најмладите ја репризира детската престава „Волшевникот од ОЗ„ во режија и адаптација и улога на Микица Илова која ги изработи и костимите .Оригиналната сценографија е на ликовниот уметник Трајче Јованов. Во претставата играат: Розе Милкова, Мартин Гогов, Сашко Орешков, Александар Стојанов, Микица Илова, Смиља Бошкова, Софија Маркова, Благица Илиева, Трајче Јованов и Стојанче Ванѓелов.

Репризата на „Волшебникот од Оз„ е по повод Неделата на детето.

Денешната престава за најмладите од ДУ „Рада Поцева“ беше добро  примена кај најлмадите кавадарчанчиња .Инеракцијата беше на потребното ниво.До крајот на ова сезона преставата ке биде прикажана најмналку уште на една реприза, бевме информирани денеска во кавадаречкиот театар

Има и причина за тоа, во завршна фаза на подготивка е новата престава „Снежана и 7 џуџиња„ која како класична бајка за децата се очекува со нетрпение кај нашите најмлади сограѓани.Планирана за премиера е до крајот на месец октомври годинава.

Кога сме кај овој мошне популарен наслов на детска бајка да непоменеме дека во рамките на соработката со Библиотеката „Феткин“, и Домот на културата „Иван Мазов Климе„, нашите актери се вклучени во обработата за сликовницата „Снежана и 7-те џуџиња„, со која се едуцираат деца од каваречките основни училишта.

 

57503426_857030981303988_3706975424090210304_n.jpg

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА