Синоќа во  Библиотеката „Феткин“  се одржа промоција на книги од  „Свирчиња“ со име „Сто насловни страници на Окно“ .На овој уметничко-книжевен настан  учествуваа  реномирани  општествени лица во Македонската култура : Никола Гелевски, писател, главен уредник на порталот „Окно“ и уредник на издавачката куќа „Темплум“;Галапче Галапчев - слободен уметник; Драги Неделчевски  - фотограф , Искра Гешоска - теоретичар на културата и Владимир Јанчевски - независен истражувач кој работи во областа на современата уметност, теорија на уметноста и визуелните студии.

 Гешоска го објасни согледувањето  дека фотографијата во општеството  е перцепирана на поинаков начин од оној кој во суштина се прави од нас. Владимир Јанчевски пак за  фотографијата нагласи дека таа може да се врежи во паметењето на луѓето многу повеќе отколку движечките слики (се мисли на филмот) , затоа што сликите се исечок од времето, а не самото време. Галапче Галапчев имаше своја ретроспектива за Кавадарци порано, и Кавадарци денес. Тој спомена и неколку важни личности кои денес се заборавени во кавадаречкото културно сеќавање.Драги Неделчевски пак кажа дека фотографијата всушност не е вистина, дури и дека таа го краде времето кое го живееме, и таа всушност  забележува мал дел од времето ,што е недоволно.Всшуност кога се фотографира не се живее моментот кога се фотографира.

На разговорот преовладуваа наративите за фотографијата во денешните медиуми, а главните поенти беа дека "не е проблем што денес луѓето се сеќаваат низ фотографија, туку во тоа што се сеќаваат само на фотографијата".

Никола Гелевски пред разговорот на тема "Општество на сепктаклот - медиумот на сликите", на библиотеката Феткин и подари 250  книги , за што директорката Весна Гркова се заблагодари од името на читателите.

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА