Во 1834 година (Митровден) е осветена црквата Св. Димитрија во Кавадарци.  Диме Велков познат трговец од Кавадарци со подароци и многу пари успеал да добие ферман од Солунскиот валија и кавадарчани се стекнале со право да изградат црква во западниот дел од градот. Во текот на градбата имале многу проблеми од локалното турско население при градењето на црквата, на крајот бил постигнат договор камбанаријата да не биде повисока од покривот на црквата. Црквата е во форма на трикорабна базилика со импресивни димензии. Долга е 34 м., а широка 16 м. Денес во неа се евидентирани 111 икони од различен временски период. На јужната страна од црквата има параклис посветен на Св. Петка, а на западната страна има галерија каде се чуваат иконите. Црквата Св. Димитрија одиграла многу значајна улога во историскиот развој на Кавадарци.

Денес се врши целосна реставрација на црквата Св. Димитрија, а работите ги изврши Г.П. “Градба промет“. Се работи и на новиот фрескоживопис во црква

 Ова е најстарата до сега позната фотографија од црквата Св. Димитрија во Кавадарци од 1905 година кога камбанаријата не смеела да биде повисока од покривот на црквата. Фотографијата ја снимил рускиот полковник Николај Сурин и ја објавил во книгата Тиквеш-Мариово во 1905 година во Софија. Книгата ја најдов во Софиската национална библиотека во одделот за стари книги и ретки ракописи. Црквата имала тогаш мал двор, а била оградена со висок ѕид.

П.Камчевски

 74670753_733297167138254_943197345305067520_n.jpg

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА