Полицијата поднесе кривична пријава против В.Т. (37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

Имено, велат од полицијата, пријавениот на 4 мај околу 18.10 часот отишол во трафика на градскиот плоштад во Неготино и купил две кутии цигари за кои платил со фалсификувана банкнота во апоен од 500 денари, која била забележана од страна на вработената и настанот бил пријавен.

По извршено вештачење било утврдено дека банкнотата е фалсификат.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА