Полумаратонот ке се одржи на 16 јуни низ улиците на Кавадраци

Се работи за мошне популарна трка меѓу атлетичарите поради што Општина Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко ја организираат трката. Вториот ноќен полумаратоне закажан на 16.јуни 2019 под мотото "Го сакам Кавадарци".

Учесниците ке трчаат три трки :
-Полумаратон (21.097 метри )
-Трка 10.000 метри
-Трка 5.000 метри

Пријавите се отворени на www.smartrace.club. Секој учесник што ќе ја заврши трката (5, 10, 21 km) добива медал. За најбрзитe се предвидени и наградите .

Опис на патеката
Се трча во централното градско подрачје на улиците: Илинденска, Тиквешко Востание и Моша Пијаде. Патеката е кружна, еден круг е во должина од 2.5км.

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.

Котизацијата до 14 мај изнесуваше 600, до 28 мај -700 а до 5 јуни изнесува 800 денари.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА