Високата и убедлива победа на кавадаречките кошаркари  против АВ Охрид 100-64 ветува голема борба за највисок пласман ова натпрварувачка сезона.

 

Фени Индустри му посака „охридско“ добредојде на кошаркарите на АВ Охрид во најсилната македонска кошаркарска лига, декласирајќи ги со 100-64.

Дека новајлијата во најквалитетното македонско кошаркарско друштво нема што да бара на дуелот со Фени Индустри беше јасно уште по само 3 минути игра, кога Фени поведе со 10 разлика, 14-4, која до крајот на воведната четвртина изнесуваше 13 поени, 32-19. До полувремето предноста на домашните играчи предводени од Магдевски, Николовски, Пајиќ и Петровски изнесуваше +18, 54-36, за да во последниот период Фени влезе со позитива од 25 поени, 77-52. Високата предност им даде шанса за докажување и на младите Милков, Кицев и Бешлиовски, кои одиграа по 3 минути, период во кој Кицев погоди тројка, за Милков со своите 2 поени да го однесе Фени на „стотка“ и да ги постави конечните Фени Индустри АВ Охрид 100-64.

Капитенот Николовски со 23 поени беше повторно предводник на тимот во кој свој ден имаа и непогрешливиот Андреј Магдевски кој имаше стоостотен учинок во ударит за 2 и 3 поени, Пајиќ и Петровски кои мечот го завршија со идентични 16 поени.

25те поени на некогашниот играч на Фени, сега капитен на АВ Охрид, Слободан Михајловски не беа доволни неговиот тим да го избегне дебаклот. Во наредното коло Фени има уште еден навидум лесен натпревар, против екипата на Пелистер.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА