Кошаркарите на Фени Индустри го продолжија перфектниот учинок пред своите гледачи, и со убедливата победа над Сутјеска од 80-55 го потврдија пласманот во следната фаза од регионалното натпреварување.
Паузата од 20 денови без официјален натпревар беше причината поради која Фени бавно влезе во натпреварот, и во првите 10 минути беше тимот кој константно ја бркаше предноста на гостите, но веќе во вториот квартал, избраниците на Малинков најавија дека со одлична одбрана лесно ќе се справат со гостинот од Црна Гора.
Иако ја имаа контролата врз натпреварот и резултатот, кошаркарите на Фени Индустри решија ништо да не препуштат на случајноста, па со серијата од 13-0 на стартот на последниот период предвреме ги решија сите дилеми околу победникот, и му дозволија минути за докажување на младите Милков, Кицев и Бешлиовски.
Матија Чешковиќ одигра фантастичен натпревар кој го заврши со 24 постингати поени, додека Шарабидзе во отсуство на капитенот Николовски доминираше под обрачите и со дабл дабл учинок од 18 поени и 10 скокови беше втор најдобар играч во домашниот тим. Милков и Бешлиовски за помалку од 2 минути поминати на паркетот успеаа да постигнат 2 поени, додека Кицев мечот го заврши со 3 поени зад своето име.
Во тимот на Сутјеска во кој немаше ниту еден играч со двоцифрен број на поени најефикасни беа Томас и Бошковиќ со 9 постигнати поени.

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА