Kaвадаречките кошаркари се наоѓаат на 4 место со 13 бодови, колку што има и КК Работнички

На средбата во СС Јасмин, пред неколку стотини гледачи, и навивачи од Гевгелија, четата на  Љупчо Малинков покажа  голема борбеност и борба за секоја топка.Тоа им се исплати и на крајот славеа висока победа од 19 коша разлика.

Определбата , сите натпревари во „Јасмин„ да се победат овојпат  беше испочитувана од сите кошаркари, кои се бореа за секоја топка под кошот, а прецизни беа и во намерите на кавадарчани за постигнувања на тројки кои во третата а особено во последната четвртина беа  важни да се постигнат.Фени Индустри сега е на 4 позиција со 13 бодови колку што има и Скопски  Работнички.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА