Кошаркарите на M-18 убедливо го победија Пелистер  и оставија одличен впечаток.Наредниот викенд младите кошаркари на М-18 играат со Феникс.

Кошаркарите на М-16  загубија од Гостивар на домашен терен 

 Кошарката е спорт на младите.Неколку  школи со години егзистираат и постигнуваат  завидни резултати.

Сепак за М-16 и М-18 можеме да кажеме нешто повеќе бидејќи и професионално ги следиме.

Посебно квалитетна е лигата на М-18 во која играат екипи, кошаркари до 18 години,подмладок  на екипите од супер лигата во најелитното македонски кошаркарско првенство.

Последната средба со Пелистер кој беше возвратен натпревар , екипата на М-18-(екипа на Фени Индустри)  остави добар впечаток .На  неа победата не беше воопшто доведена во прашање.Освен првата четвртина, останатиот дел од натпреварот кавадарчани беа подобар противник и покажаа добра игра и беа одлични реализатори.Посебен впечаток на кошаркарската средба оставија :, Златев ( 28 поени 12 асистенции),  Митрев(16 коша со  16 скока), Мирков ( 15 поени ), и Стојановски (15 поени од кои 4 тројки ).

Следен противник на М-18 Фени Индустри е екипата на Феникс од која в претходна средба кавадарчани беа поразени.

54519584_2400601270170392_1516023202361376768_n.jpg

55802439_315605695819247_7732227458325282816_n.jpg

55622769_2222164084703837_3053081758674190336_n.jpg

54523219_600441587087983_3755749897337307136_n.jpg

55618289_779449209120888_244821360734371840_n.jpg

 

 

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА