Во село Дебриште во Општина Росоман , се живее и денес, во поубави услови отколку порано.По многу години поминати во мирен селски живот, спомените навираат.Ја прашавме баба Стојна Давчева дали се сеќава на нејзината младост, како таа од Велес се омажила во село Дебриште.Видео прилог:

 

-Пчеларската федерација на Македонија прогласува елементарна непогода во пчеларството за 2016 година и ќе бара помош од државата за спас за презимување на пчелите и пчеларството.

         Во Спортската сала „Јасмин„ викендов се одржаа два спортски настани   на лицата со инвалидитет.

        Во саботата 16 натпреварувачи од Кавадарци и Општина „Кисела Вода“ од Скопје во организација на  двата сојуза  за спорт и рекреација на телесните инвалиди се напреварува во пинг- понг,шах и пикадо.

Инаку тенденција е  да се овие средби да се омасовуваат  со 3 и 4 сојузи  и во други спортови како:Атлетика,стрелаштво и спортски риболов.

Во недела пак во „Јасмин“ се одржа Националниот натпревар за лицата со телесен инвалидитет и глуви лица.Ова спорска манифестација беше во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија, МОК.Учествуваа  над 50 спортисти.Кавадарци го претставуваа 4 пингпонгари , кои остварија солидни резултати.Повеке од видео прилогот:

 

Република Македонија денеска одбележува 25 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

 

Maрјан  Атанасов кој живее и работи во Италија деновиве имаше чест да гостува на националанта телевизија РАИ 4 .Поводот беше  фудбалскиот натпревар Македонија-Италија 

Агнеза Гонџа Бојаџи, позната како Мајка Тереза, вчера на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан беше прогласена за светица од страна на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Честитка за празникот на градоначалникот на Општина Кавадарци- Александар Панов

Лидерите на 4-те најголеми политички партии вчера попладне се договорија по однос на сите спорни прашања.

 

Забраната за емитување српска музика стартува од синоќа на полноќ, а  веке е познато дека од пред десет дена е забрането емитување македонска музика.

Во ваква, досега, непоимлива состојба –каква не се случила  никогаш,и едниоставно се коси со сите национални постулати во културата,македонските телевизии и радио станици, покрај светските хитови, од регионот пуштаат хрватска, бугарска, бошњачка, албанска, грчка или друга музика.

Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што велат од Здружението на приватни медиуми на Македонија (ЗПММ),според порталот  република.мк, ќе бидат музичките емисии од Србија, за кои македонските телевизии ги имаат откупено правата, а такви се „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“.

Да биде реперкусијата од овие мерки, поголема организаторот мораше да ги одложи одржувањето на  Фолк Фест  Валандово  овој викенд  поради забраната за емитување македонска музика. Инаку Валандово Фолк Фест е најстар фестивал на македонски новокомпонирани песни.

Владата на Словенија одлучи да додели 30.000 евра хуманитарна помош за погоденото население од поплавите во Македонија

Подкатегории

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА