Богата жетва: 60 отсто повеќе лебно жито споредено со лани

              Од ожнеаните 81.000 хектари добиено е 306.000 тони лебно зрно, односно приносите се за 60 отсто поголеми од лани. Земјоделците задоволни и од приносите и од квалитетот на житото, велат дека ова се должи на се побрзото осовременување на македонскиот аграр.

              Земјоделците имаат сега понова механизација со подобри карактеристики, второ применуваа добра земјоделска практика, употребуваат сертифициран саден материјал и ѓубриво, во соработка со земјоделските советници- анализира Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци.

              Досега се откупени околу 70.000 тони пченица со просечна откупна цена од 8,5 денари по килограм. Државата за да помогне на производителите кои се пожалија на ниската откупна цена донесе две интервентни мерки. Со едната ќе добијат дополнителни 6000 денари за хектар засеана површина, а со другата мерка државата ќе покрие 80 отсто од сумата што ја плаќаат земјоделците за складирање на пченицата во силоси.(republika.mk)

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА