НА 5 септември 1956 година во раните утрински часови во тектонска несреќа во која дојде до уривање на ридот “Градот“ во близина на Моклиште, дојде до движење на огромни количества земја и камен (околу 15 милиони кубни метри се спуштиле кон реката Луда Мара), при што загинаа 11 луѓе, работници од земјоделските задруги во Ваташа, Дреново и Возарци и еден случаен минувач од с. Долно Бошава кој одел на пазар за Кавадарци. Во оваа трагедија се затрупани повеќе од 1.200 овци и голем број грла крупен добиток . Меѓу загинатите се: Ѓошо Бојаџиев од с. Ваташа, Шариф Ахмед од тетовско, Методија Димитров од с.Конопиште, Ристо Камчев од с.Долно Бошава, Мифтари Белур од тетовско, Ајрадин Бектеш од тетовско, Лазо Темов од с.Возарци, Тоде Панов од с.Грбавец,, Гане Стојанов од с.Возарци, Илија Паризов од с.Дреново и Мишо Кузманов од с.Дреново. Како последица на овој настан настана Моклишкото Езеро

П.Камчевски

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА