Ракометарите на ГРК Тиквеш сериозно го сватија предизвикот наречен ракометна суперлига па покрај квалитетниот ростер максимално професионално го одработуваат подготвителниот период. Деновиве екипата се наоѓа на мини подготовки во спортскиот комплекс „Истатов„ во Дојран каде ке останат до недела по што подговоките ке ги продолжат во Кавадарци.Составот е комплетен а здравствениот билтен одличен и сите ракометари се во добра форма и одговараат на сите поставени задачи од страна на стручниот штаб.
Тренерот Томе Петрески веке полека го подготвува и распоредот за следната фаза од подготовките а воедно се контактира и со тимови со кои нашиот суперлигаш би одиграл пријателски контролни средби во пресрет на новата сезона.
М.В.