Локалната самоуоправа Росоман, посветено приоѓа кон решавање на потребите на сите села во Општината.Преку проект од „Милановото„ чешмиче до село Манастирец ќе биде доведена  дополнителна количина вода со што ке го избегне недостигот особено во лето.Проектот е вреден 2 милиони 130 илјади денари со целосна покриеност од Буџетот на Општината.Градоначалникот Бранко Јанев, кој денеска  ги посети градежните работи на ископ на доводот, задоволен од досега релизираните активности.

„Општина Росоман ги известува жителите дека утре 18.07.2019 година во текот на попладневните часови ќе се изврши дезинсекција односно прскање против комарци за уништување на возрасни форми на комарци и останатите малестанти на територијата на општина Росоман.

Општина Росоман апелира до пчеларите навреме да превземат мерки за заштита на пчелите.“-се наведува во соопштението до јавноста од Кабинетт на гардоначалникот на Општина Росоман Бранко Јанев,

Минатата недела во посета на општина Росоман беше делегација од општина Грачаница- Косово составена од Небојша Миловановиќ - Директор за развој, Среќко Тодоровиќ - Директор на КД Грачаница и Саша Дачиќ - замемик градоначалник на општина Грачевица. На средбата се разговараше за воспоставување соработка помеѓу двете општини. На крајот од средбата делегацијата ја посети и винаријата Мовино.

Системот ви овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на нашата општина, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да ве информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок.

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Грижа за стари и изнемоштени лица во домашни лица како и деца во предучилишна возраст” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.

Проблематичкниот откуп на праски ова лето,за росоманци, оние кои располагаат со поголеми количини, продолжува.Секој се снаоѓа како знае и умее.До нашата редакција денеска пристигна информација од , за нас, непозната компанија „АДО 95„ ,за откуп на истата за извоз во Ирак.Тие се нарекуваат спасители на росоманската праска.

Немаме податоци за начинот на исплата и цената.

Веруваме дека е достоинствена за овоштарите од Росоман

Започната е реконстукција на дел од доводна водоводна линија од м.в. Браница до сeло Сирково. Проектот опфаќа целосна реконструкција и обнова на сите три каптажи од сите три извори, со сите пропратни елементи на зафатите, изведба на нови армирано-бетонски шахти ( собирна и приклучна) со изведба на две комори, прелив, испуст, таложник и аерација, минимум заштита и бебедност на зафатите и врска од трите зафати, со три независни водови од полиетиленско црево, во заедничка т.н. собирна шахта и довод со полиетиленско црево и врска во главниот довод, од групата извори Рашовец до резервоарот.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Росоман.

Фондацијата Тиквешки вински пат  вчера јавно обелодени   нов проект кој ке го реализира во Општина Росоман заедно со Локалната самоуправа. Се работи за првиот центар за храна, вино и туризам.  Во тек се градежните активности за реновирање на старото училиште каде ќе биде сместен центарот. Проектот е наречен „Тера вино“ - „Земја на виното“ и  е во рамките на  прекуграничната соработка меѓу Македонија и Грција.

Виолета Јанкова директорка на Фондацијата „Тиквешки вински пат“, на вчерашниот на  инфо ден рече дека проектот е вреден околу 510 илјади евра, од ЕУ преку ИПА програмата.

„Во тој објект ќе има амфитеатар, сала за дегустации и изложбен дел, туристичко информативен центар и канцеларии за обука. По изградбата на овој Центар, кластерот составен од приватниот сектор од винарството, земјоделието, туризмот и типичните производи од двете страни на границата ќе имаат можност да ги изложат своите производи, да се едуцираат, да создаваат заеднички производи кои потоа ќе ги продаваат на трети пазари“рече Јанкова.

Градоначалникот Бранко Јанев го поздрави проект, кој после многу време ке се реализира.Реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште е потреба на општината.Верувам дека успешно ке завршиме, до крајот на ова година.

-Ние како општина  учествуваме со околу 220 илјади евра.Росоман ке стане поголема туристичка дестинација со многу содржини, рече Јанев.

Реализацијата  на „Тера вино“  вреден повеќе половна милион евра, го поздрави и Јан Маат од ЕУ, кој оптимистички се осврна на реализацијата на вакви и слични проекти кои придонесуваат за поголем економски а пред се туристички развој на земјата.

Ова беше прилика домашните приватни винариии да извршат презентација на дел од  своето производство  кое наиде на  прием кај посетителите, а неколкумина од  приватните производители на храна  и домашни ракотворби го покажаа  исто така дел од своето рачно производство  на домашни потребштини.

,,Тиквешки вински пат” работи од 2006 година.  Целта е да се развие туризамот на едно повисоко ниво.

Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе бидат реализирани проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.ЗА тоа за што се наменети и како ќе бидат потрошени средствата пренесуваме од службената страница на  ФБ на Општина Росоман.

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев, Државниот инспекторат за земјоделство, Државната фитосанитарна лабораторија вчера во Росоман, ги посетија откупните пунктови за праски.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА