Општина  Росоман, на Духовден традиционално  започнува бербата на праските, кии се заштитетн  знак на Росоманска Општина.Годинава праскоберот започна, но сепак симбилично тоа ке се направи на Духовдем.Затоа Опшгтина Росоман ги поканува граѓаните да го резервираат овој термин за едно поинакво искуство и да дојдат во Росоман на Духовден.

“Почитувани сограѓани и жители на Росоман Манастирец и Рибарци поради зголемената потрошувачка на вода и поради лошата Хидролошка состојба во земјата и регионот се соочуваме со проблем за редовно снабдување со вода и поради тоа ќе се спроведуваат рестрикции во Кавадарци и Росоман. Водата во во. Росоман ќе ја нема во попладневните и вечерните часови а ќе биде пуштена во раните утрински часови. За нови промени дополнително ќе бидете известени. ЈПКД Росоман дополнително ќе се ангажира за надминување на овој проблем. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и стрпливост.„

ЈПКД „Росоман“ директор Гоце Величковски

Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти ,План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки за наведените проекти, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во Општинa Росоман на 06.06.2019 година (четврток) со почеток во 11 часот во просториите на општина Росоман.

Во просториите на општина Росоман јубилејни признанија добија крводарителите од Росоман.Признанијата им беа доделени од страна на Општинската организација на Црвен крст, додека општина Росоман се погрижи крводарителите да добијат скромни подароци.

Во Росоман вчера Ротаракт донира спорска опрема и реквизити во ООУ„Пере Тошев„.Опремата е добредојдена за учениците кои ќе им имаат можност да ги користат двете игралишта за кошарка и ракомет односно мал фудбал.Истовремено извршено е обележување на двете игралишта.

На 10-ти март 2019 година во пожар целосно изгоре домот на Илија Ѓуровски (Маршалот) во Росоман. Истиот ден Општина Росоман интерервенира и му обезбеди сместување  на семејството чија куќа се запали , во објект во близина на опожарениот дом и му овозможи да се згрижи.

Денеска во Општина Росоман беше потпишан договорот за реконструкција и адаптација на дел од постоечки објект за потребите на ЈОУГД Праскичка помеѓу општина Росоман и изведувачот Ми-комерц.

Општина Росоман ја заврши постаката за набавка на нов трактор, приколка и нож за чистење на снег. Опремата ќе ја користи ЈПКД Росоман со што во голем обем ќе се подобрат услугите кои ги дава комуналното претпријатие. Проектот е финансиран од страна на Светска банка – проект за подобрување на општинските услуги (MSIP).

Вработените од општина Росоман, ЈПКД Росоман, Детска градинка Праскичка како и ученици од ООУ Пере Тошев реализираа акција за почиста општина Росоман.

Во организација на Црвен крст Кавадарци а поддржана од општина Росоман ќе се одржи крвидарителска акција на ден 15.02.2019 (петок) во просториите на општина Росоман од 08:30 до 13:30.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА