Градоначалникот Бранко Јанев  и Советот на општина Росоман со „Бог се јави!“им го честитаа празникот н сите жители на Општината.„ Денешното крштевање во осветени води да им донесе љубов, вера и надеж на сите„- се вели во честитката.

Во пресрет на Свети Трифун-Денот на лозарите-во Општина Росоман започна со дегустација комисијата за оценување на најдобрите домашни вина и ракија . Дегустацијата ја организира градоначалникот Бранко Јанев и Советот на Општина Росоман .

Во текот на денешниот ден (10/01/2019) во утринските часови во Росоман посипани со ризла и сол се улиците Гоце Делчев, Пролетерска, Никола Карев , Стерјо Несторовски и Илинденска како и локалните патишта до селата  Сирково, Камен Дол, Трстеник и Манастирец, известуваат од Кабинетит на Градоначалнкот  на Општната Бранко Јанев.Општина Росоман распиша Јавна набавка за “Одржување на локални патишта и улици во Општина Росоман во зимски услови за 2018-2019 година”.Како најповолен понудувач е избрана фирмата ЈА-МИ ДООЕЛ Кавадарци.

Во тек е изработка на Техничка документација за изградба на улици во општина Росоман во должина од 2500 метри. Проектот е во соработка со Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој.

„На 06.01.2019 година во 23,00 часот во Полициската станица Кавадарци А.В. (38) од село Росоман пријавил дека истиот ден, околу 18,00 часот бил повикан од С.К. од Скопје да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко- доверителски односи. Кога стигнал таму, заедно со С.К. било уште едно лице од Скопје, негов пријател. Пред да му ги даде парите С.К., според пријавителот, го повикал и Б.П. од Росоман, кој откако дошол веднаш почнал да се расправа со пријавителот и физички го нападнал. Во моментот кога пријавителот го напуштил објектот, според него, С.К. испукал два пати со пиштол, но никој не бил погоден. На А.В. му е укажана лекарска помош во Општата болница  Кавадарци и е пуштен на домашно лекување. С.К. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.“-Наведено е во Билтенот н МВР.

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ОЦЕНКА НА ДОМАШНИ ВИНА И РАКИЈА

 

-Екипи на Комуналното претпријатие од Росоман го санирале проблемот.Упатено соопштение до жителите.

Се работи на санирање на проблемот со водоснабдувањето

Градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев  денеска ги посети домовите на социјално ранливите семејства во општина Росоман и им подели хуманитарни пакети по повод божиќните празници.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА