Фондацијата Тиквешки вински пат  вчера јавно обелодени   нов проект кој ке го реализира во Општина Росоман заедно со Локалната самоуправа. Се работи за првиот центар за храна, вино и туризам.  Во тек се градежните активности за реновирање на старото училиште каде ќе биде сместен центарот. Проектот е наречен „Тера вино“ - „Земја на виното“ и  е во рамките на  прекуграничната соработка меѓу Македонија и Грција.

Виолета Јанкова директорка на Фондацијата „Тиквешки вински пат“, на вчерашниот на  инфо ден рече дека проектот е вреден околу 510 илјади евра, од ЕУ преку ИПА програмата.

„Во тој објект ќе има амфитеатар, сала за дегустации и изложбен дел, туристичко информативен центар и канцеларии за обука. По изградбата на овој Центар, кластерот составен од приватниот сектор од винарството, земјоделието, туризмот и типичните производи од двете страни на границата ќе имаат можност да ги изложат своите производи, да се едуцираат, да создаваат заеднички производи кои потоа ќе ги продаваат на трети пазари“рече Јанкова.

Градоначалникот Бранко Јанев го поздрави проект, кој после многу време ке се реализира.Реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште е потреба на општината.Верувам дека успешно ке завршиме, до крајот на ова година.

-Ние како општина  учествуваме со околу 220 илјади евра.Росоман ке стане поголема туристичка дестинација со многу содржини, рече Јанев.

Реализацијата  на „Тера вино“  вреден повеќе половна милион евра, го поздрави и Јан Маат од ЕУ, кој оптимистички се осврна на реализацијата на вакви и слични проекти кои придонесуваат за поголем економски а пред се туристички развој на земјата.

Ова беше прилика домашните приватни винариии да извршат презентација на дел од  своето производство  кое наиде на  прием кај посетителите, а неколкумина од  приватните производители на храна  и домашни ракотворби го покажаа  исто така дел од своето рачно производство  на домашни потребштини.

,,Тиквешки вински пат” работи од 2006 година.  Целта е да се развие туризамот на едно повисоко ниво.

 

 

33.jpg

 

 

11.jpg

 

4444.jpg

 

 

56.jpg67777.jpg122344.jpg

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА