МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со нејзиното ставање во функција се врши пренасочување на сообраќајот за побезбедно движење на возилата

Во општина Демир Капија во тек е асфалтирање на дел од обиколницата на град Демир Капија. На овој дел како прва фаза од изградбата на обиколницата е опфатено проширување на трасата, тампонирање, поставување на ивичњаци и асфалтирање на коловозот со широчина од 6 метри и должина од 760 метри. Со изградбата ќе се овозможи пренасочување на сообраќајот и побрзо и побезбедно движење на возилата.Исто така во тек се градежните активности на останатиот дел од оваа обиколница. Финансиските средства за изградбата се обезбедени од буџетот на општина Демир Капија.