Локалната самоуправа започна со чистење на дел од речното корито на река Бошава од вливот на реката узводно во должина од 350 метри.

Со чистењето на дел од речното корито се отстранува вегетацијата во коритото, се расчистува наносниот материјал и се врши порамнување на речното корито. Чистењето на речното корито се врши со цел да се спречи страничната и длабинската ерозија на коритото и да се обезбеди подобар проток на водата низ. Изведувач на градежните работи е „Жак транс“ од с.Бистренци. Од Локалната самоуправа информираат дека доколку редовно не се превземаат мерки за чистење на речното корито на реката Бошавица, од обилните врнежи од дожд може да се случи излевање на водата од речното корито и поплавување на градот Демир Капија.