На 26.11.2018 година Советот на Oпштина Демир Капија ја одржа четиринаесетата седница на која беа разгледани и усвоени седум точки од дневниот ред.

По усвојувањето на записникот од тринаесетата седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоена Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Демир Капија за 2018 година, а се однесува за изработка на Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за градба со намена Г2 – лесна индустрија (Фарми) во атарот на КО Корешница. Втората точка од дневниот ред исто така беше усвоена , а се однесуваше на Предлог-Одлуката за обезбедени средства во Буџетот на општина Демир Капија за експропријација на градежно земјиште за објект од јавен интерес од локално значење, а се однесува за изградба на зграда за социјални станови.Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за склучување на Меморандум за соработка со Министерство за труд и социјална политика, за отпочнување со работа на Служба за непосредна социјална заштита во Демир Капија преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино. Четвртата точка од дневниот ред се однесуваше на Предлог-Оперативениот план за дејствување во зимски услови на територијата на општина Демир Капија 2018/2019 година кој по разгледувањето беше усвоен.Потоа се премина на петата точка од дневниот ред која се однесуваше на Предлог-Решението за давање согласност на Извештајот за финансиското работење на ЈКП “Бошава“ од Демир Капија за периодот од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година кое по разгледувањето беше усвоено.По разгледувањето на шестата точка од дневниот ред се донесе решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈКП Бошава. Седницата заврши со советнички прашања на кои одговор даде Лазар Петров градоначалник на општина Демир Капија.

46900461_2285507705014295_7537253921819983872_n.jpg

46843974_2285507711680961_4014316330239918080_n.jpg

46795583_2285507618347637_7259217255408336896_n.jpg

46753917_2285507921680940_6602442981196693504_n.jpg