„Почитувани сограѓани.Влегувањето во Новата година претставува желба за нов почеток со нова енергија, нови надежи, нови успеси но и нови предизвици кон кои треба гордо да се исправиме и успешно да ги надминеме. Годината што следи треба да биде година на поактивно ангажирање на сите полиња во општеството , со една единствена цел – подобрување на стандардите и нивото на живеење во општината овозможено со проекти за економски напредок.Почитувани граѓани , и во новата 2019 година продолжуваме и понатаму заедно да работиме за модерна, развиена и европска Демир Капијa! Ке работиме како и до сега, доследни на кажаното и искрени кон секој граѓанин на нашата општина. Ке продолжиме да се движиме по планираниот пат за развој на Демир Капија !Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете во мир и благосостојба! Имајте моменти исполнети со многу здравје, радост, среќа и бериќет на секое поле.Од свое лично име и од името на локалната самоуправа, ви посакувам среќни Новогодишните и Божиќни празници !„

Со почит, Градоначалник Лазар Петров