Во општина Демир Капија се врши асфалтирање на дел од клучката со што ќе се создадат услови за ново сообраќајно поврзување на Демир Капија со автопатот Е-75.Регионалниот пат Р1102 (стара ознака Р-103) и Регионалниот пат Р29171 (стара ознака Р-109) преку обиколницата на град Демир Капија ќе можат директно да се приклучат на клучка Демир Капија на Автопатот Е-75.

Инвеститор е Општина Демир Капија, а средствата во висина од 5.500.000,00 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој. Проектот се реализира во соработка со Центар за развој на Вардарски плански регион, а градежните работи ги изведува ДГТ „ГРАДБА ПРОМЕТ“ ДОО Кавадарци.

61182607_680737872347784_6917555317135900672_n.jpg