На 16.08.2019 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 23 седница на која беа разгледани и усвоени осум точки од дневниот ред.

По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесен заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за вториот квартал 2019 година. Приходи по основ на данок на доход, од добивка и од капитални добивки е остварен во износ од 287.307,00 од планираните 750.000,00 денари.Приходи по основ на даноци на имот се остварени во износ од 3.108.401,00 од планираните 4.300.000,00 денари. Приходи по основ на даноци на специфични услуги се остварени во износ од 1.891.558,00 од планираните 8.380.170,00 денари. Приходи по основ на такси за користење или дозволи за вршење на дејност се остварени во износ од 31.989.00 денари од планираните 1.010.000,00 денари. Приходи по основ на неданочни приходи се остварени во износ од 2.876.748,00 од планираните 4.540.000,00 денари. Приходи по основ на трансфери и донации се остварени во износ од 60.630.152,00 денари од планираните 94.410.565,00 денари. Вкупни даночни приходи за вториот квартал се остварени во износ од 5.319.255,00 денари. Реализацијата на тековно оперативен биланс на приходната страна е во вкупен износ од 68.826.155,00 денари, а вкупните капитални приходи за првиот квартал се во вкупен износ од 2.743.537,00 денари.По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесена одлука за обезбедени средства во Буџетот на Општина Демир Капија за експропријација на земјиште на објект од јавен интерес од локално значење. Со оваа одлука се резервираат средства во Буџетот на општина Демир Капија во висина од 377.890,00 денари, за потполна експропријација на земјиште за реализација на јавен интерес од локално значење – Реконструкција на улица 3. Со експропријацијата ќе престане правото на сопственост на физички и правни лица , а ќе се заснова правото на сопственост на општина Демир Капија со вкупна површина од 773 м2. За експропираната недвижност на физичките лица ќе му се исплати праведен надоместок кој не може да биде понизок од пазарната вредност на недвижноста согласно законот за експропирација. Надоместокот на експропираната недвижност и трошоците паѓаат на товар на Општина Демир Капија.Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше усвоено Решение за давање согласност на измена на Годишен план за вработување во 2019 година во општинската администрација изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред Советот на општина Демир Капија даде согласност на Годишниот план за вработување во 2019 година на ЈОУДГ Борис Трајковски Демир Капија, изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.Потоа се премина на петата точка од дневниот Советот на општина Демир Капија даде согласност на Годишниот план за вработување во 2020 година на ЈКП Бошава од Демир Капија, изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.По разгледувањето на шестата точка од дневниот ред Советот на општина Демир Капија даде согласност на Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на Јавното комунално претпријатие Бошава од Демир Капија усвоена од Управниот одбор на ЈКП Бошава Демир Капија на седницата одржана на ден 15.08 2019 година.Седмата точка точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Решение за одобрување на финансиски средства на Здружението Спортски клуб Клисура Демир Капија за организација на Турнирот во Мал фудбал Света Богородица и на ККК Просек од Демир Капија за организација на отворен Куп во кајак на диви води – слалом. Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица.