На ден 14.12.2019 година Советот на Општина Демир Капија ја одржа деветата вонредна седница на која на дневен ред беа разгледани и усвоени две точки.

По точката Предлог-Заклучок за оправданост на причините за свикување на вонредната седница, Претседателот на Советот начелно објасни дека итната седница е во врска со јавен повик за одобрени грант средства од Светска Банка за проекти за изградба и реконструкција на улици во општина Демир Капија и населените места, а заради расчистување на имотно правни односи во врска со реконструкција на ул.11-ти Октомври потребно е да се донесе одлука за давање согласност за склучување на купопродажни договори за стекнување право на сопственост на градежно земјиште на општина Демир Капија. Дополнително образложение за причините даде Тони Петков кој образложи дека станува збор за ул.11-ти Октомври, делот од општината до новиот мост на река Бошава. Дел од патот е пробиен и се користи ама до сега не се извршени експропријации. Итноста е поради известувањето од Министерството за транспорт и врски за да се започне со објава на јавна набавка треба да се решени имотно правните односи. Имотно правните односи треба да се решат во најкраток можен рок за да се влезе во првиот бран на одобрени средства. Советот го усвои предлогот-Заклучок за оправданост на причините за свикување на вонредната седница.Потоа се премина на втората точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за давање согласност за склучување на купопродажен договор за стекнување право на сопственост на градежно земјиште. Оваа одлука е изготвена врз основа на изготвен елаборатот согласно проектот за улица 11-ти Октомври и извештај за проценка на имотот од овластен проценител.