Општина Демир Капија ги информира физичките и правните лица, иматели на бесправно изградени објекти, кои имаат поднесено барање за утврдување на правниот статус на бесправните објекти во 2011 година, дека крајниот рок за доставување на геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект согласно Законот за изменување и дополнување на законот за постапување со бесправно изградени , истекува на 31.12.2016 година.

"Барателите кои кон барањето за утврдување на правен статус до влегувањето во сила на овој закон немаат доставено геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, треба истиот да го достават најдоцна до 31 декември 2016 година, а во спротивно надлежниот орган ќе го одбие барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект".

Во спротивно нивните бесправни објекти нема да се легализираат.

Подетални информации можат да се добијат кај надлежните служби во Општина Демир Капија секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.