На 18.08.2020 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 31 седница на која беа разгледани и усвоени 23 точки од дневниот ред. Заради безбедносни причини од корона вирусот седницата се одржа онлајн, преку интернет платформата „ Zoom“. На неа беше донесена Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Демир Капија за 2020 година. Наредните четири точки од дневниот исто така беа усвоени, а се однесуваа на усвојување на програмите и тоа: Програма за дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Демир Капија за 2020 година, Оперативна Програма за одржување на јавно зеленило на територијата на Општина Демир Капија за 2020 година, Програма за изменување и дополнување на програмата за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Демир Капија за 2020 година и Програма за социјална заштита во Општина Демир Капија за 2020 година.По разгледувањето на шестата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за формирање Општински совет за социјална заштита, a потоа се премина на седмата точка на која беше донесена Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на процената на загрозеност за општина Демир Капија. Осмата и деветата точка од дневниот ред исто така беа усвоени, а се однесуваа на Одлука за давање согласност на Одлуката за ослободување од плаќање партиципација од страна на родителите чии деца се корисници на услугите на ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија и Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за објекти надвор од плански опфат. Наредните седум точки од дневниот ред по разгледувањето исто така беа усвоени, а се однесуваа на донесување решенија и тоа: Решение за именување на членови на Општински совет за социјана заштита, Решение за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во Општина Демир Капија во 2020 година, Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во Општина Демир Капија во 2021 година, Решение за давање согласност на Финансиски извештај на ЈКП "Бошава" од Демир Капија за периодот од 01.01.2020 година до 31.03.2020 година, Решение за давање согласност на Финансиски извештај по годишна сметка на ЈКП "Бошава" од Демир Капија за 2019 година, Решение за давање согласност на Годишен извештај за работењето на ЈКП "Бошава" од Демир Капија за 2019 година и Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2021 година на ЈКП БОШАВА Демир Капија.Седумнаесетата и осумнаесетата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беа усвоени, а се однесуваа на донесување на Заклучок за усвојување на Годишен извештај за јавна чистота во град Демир Капија за 2019 година и Заклучок за донесување на Годишна програма за работа на ООУ "Димче А.Габерот" Демир Капија за учебната 2020/2021 година.Потоа се премина на деветнаесетата точка на која беше усвоено Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2021 година на ООУ "Димче А.Габерот" Демир Капија. Наредните две точки од дневниот ред по разгледувањето исто така беа усвоени, а се однесуваа на донесување на Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2021 година на ЈОУДГ-Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија и Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2021 година на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија. Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица.

п.п.