“INTERNACIONAL ENTERRITMOS FESTUAL„ 2020 LARACHE MOROKО годинава 9ти пат по ред се одржува во Мароко.Се работи за еден од најистакнатите фестивали кој промовира мир и соживот помеѓу различни култури. Македонија учествува веќе пет години на фестивалот, а годинава се вклучи со концерт на ”Трио Гразиозо”, кој го сочинуваат Кристина Палија (сопран), Д-р Невенка Дуковска (пиано), Памела Велкова (виолина) заедно со ликовните уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски – Љубац.

Концертот се одржи во во една од салите за културни настани во ројалната винарија ”Кралица Марија”, Демир Капија а присуствуваа градоначалникот на Демир Капија - Лазар Петров,личности од јавниот живот, љубители на уметноста од Тиквешијата и пошироко. Инаку настанот беше реализиран кај нас во живо и со видео снимка и онлајн учество во Мароко.Настанот го следеше и екипа на РТК.МК.

За овој настан нашиот соработник Тодор Богев ќе напише:„Во потрага по нешто што ќе го спаси човештвото, од ова рецесија на духот, предизвикана од мерките и протоколите преземени во насока на борбата против светската пандемија предизвикана од вурсот Ковид 19,вечерва се најдовме во Кралската винариха „Вола Марија“ во Демир Капија, на интернационален концертен настап на Трио Грациосо – кој ќе биде прикажан во Мароко на “INTERNACIONAL ENTERRITMOS FESTUAL„ 2020 LARACHE.Трите грации,Кристина,Невенка и Памела,салата изградена во рустикален стил на една од најстарите в инарии на Балканот , ја исполнија со уметност и љубов.Селкцијата на песните кои беа изведени;Rusalka,The Nightinale and Tre Rose,Snhindler`s, La Vie en rose,Habanera-Carmen, Granada и други беше доста квалитетен и прекрасен а нивната изведбна маестрална.Мене лично најмногу ми се допадна изведбата на аријата од филмот„Петтит елемент„ во кој е содржана љубовта и топлината со која ги огрејааа сите посетители во пубиката која дојде ова вечер и за ликовниот перформанс кој ни го приредија ликовните уметници Гордана Винчиќ и Игир Љубовчевски -Љубац за време траењето на музичкиоит настап.

Инаку воведен збор за целиот овој настан кој е од интернационалано значење даде Виолета Каликј-историчар на уметнста од Домот на културата„Кочо рацин „ во Скопје.Таа го апострофира занчењето на овој фестивал и притоа ја нагласи улогата на Македонија во развивањето на мултикултурата во Европа и светот.„Значи вистински квалитетен културен настан кој треба да се повтори во било кој град, кај нас ,во Македонија.

м.д.

120654152_797165154376315_803567709186756054_n 120661764_978974312598893_8048200734275252831_n 120673381_628545487851693_7145280246994053535_n 120699147_411492646504536_6735996311214218919_n