Вчера во Демир капија во ООУ„Гимче Ангелов габерот„ беа свечено пречекани нашите првачиња од страна на директорката Менче Николова и наставниците. За учениците од I до III одделение во централното училиште наставата започна со физичко присуство исто и за учениците од подрачните училишта во с. Корешница, с. Бистренци, с. Прждево и с. Челавец до V одделение. Сите присутни ги почитуваа мерките за заштита од Covid-19 (носење заштитна маска, држање растојание, мерење температура на влезот во училишната зграда и дезинфекција на рацете). На крај од приемот директорката им посака среќен почеток во новата учебна година, безгрижни денови и многубројни детски насмевки.

п.п.

120531986_1680944765396301_629993866569085860_o