МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

На ден 30.09.2020 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 34 седница на која беа разгледани и усвоени 6 точки од дневниот ред. Заради безбедносни причини од корона вирусот седницата се одржа онлајн, преку интернет платформата „ Zoom“. .По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за усвојување на Стратегијата за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024.Изработката е субвенционирана од министерството за економија. Потоа се премина на втората точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за давање согласност за ослободување од плаќање на надомест на трошоци за користење услуги на деца кои се запишани во ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија. Со оваа одлука се дава согласност на Одлуката бр.02-49/5 донесена од Управниот Одбор на ЈОУДГ-Детска Градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија на седницата одржана на ден 18.09.2020 година, за ослободување од плаќање на надомест на трошоци за користење услуги (партиципација) на деца кои за запишани во ЈОУДГ-Детска Градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија, а нема да бидат примени во градинка поради работа по протокол и намален (ограничен) број на деца, сметано од почнување со работа на градинката до престанокот на важноста на Протоколот за работа, а со тоа и создавање на услови за прием на сите запишани деца.Третата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Решение за дополнување на решението за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Демир Капија.Потоа се премина на четвртата точка од дневниот ред на која се донесе Решение за давање Согласност за формирање на групи со помал број на деца во ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ – Демир Капија во учебната 2020/2021 година согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца по престанување на траењето на вонредната состојба ("Службен весник на РСМ" бр.140/2020).По разгледувањето на петата точка од дневниот ред беше усвоен Заклучокот на Годишната програма за работа на ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за учебната 2020/2021 година предложена од Управниот одбор на установата на седницата одржана на ден 18.09.2020 година. Седницата заврши со донесување на Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за 2019/2020 година предложен од Управниот одбор на установата на седницата одржана на ден 18.09.2020 година.

п.пашоев