С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите физички и правни лица од општина Демир Капија дека општина Демир Капија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата "7-ми Ноември" и признанија за 2020 година. 1. Иницијатива за доделување на награда "7-ми Ноември" и признание може да поднесат сите физички и правни лица од Општина Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието, културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области. Подносителот на иницијативата во својот предлог задолжително мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за награда "7-ми Ноември" или признание. 2. Наградата "7-ми Ноември" се доделува на поединци, група творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на граѓани, за особено значајни остварувања од интерес на општината. 3. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија. 4. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир Капија, преку архивата на општина Демир Капија на адреса на ул.11-ти Октомври бб Демир Капија најдоцна до 30 Октомври 2020 година. Општина Демир Капија, Градоначалник Лазар Петров.28070913_2092536727644728_4488320993270702136_o