Предавач на обуката ќе биде проф. д-р Сотир Пановски.

За сите невработени лица од Општина Демир Капија и Општина Росоман дека ќе се одржи првиот дел од Петата Специјализирана Обука во рамките на проектот “Подобрување на можностите за појавување на пазарот на трудот” на 17.ноември -2016 година(четврток) во Оптина Демир Капија во просториите на Центарот за едукација и вмрежување во туризмот-ЦЕНЕТ со почеток од 10.00 часот, и на 21.11.2016 година во Општина Росоман во просториите на ресторан „Крал Џо“. Насловот на обуката е: Примена на мерки за енергетска ефикасност во бизнис сектор. Целта на обуката е запознавање на учесниците подобро да ги разберат поволностите од користење на енергетската ефикасност во бизнис, како да ги користат и имплементираат мерките за енергетска ефикасност и можноста да се создаде профитабилен бизнис. Предавач/ на обуката ќе биде проф. д-р Сотир Пановски.